🎥 ЏОРЏИНА, РОНАЛДО ИЛИ МАРИНА? Трансформациите на хрватската шминкерка стигнале и до славниот пар
Хрватската шминкерка Марина Мамиќ неодамна се трансформираше во славниот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата вереница Џорџина, па на своите следбеници им го постави прашањето, која маска повеќе им се допаѓа. Видеата со нејзините трансформации веќе стасале и до славниот пар.
Неодамна пишувавме за хрватската шминкерка Марина Мамиќ, позната по своите одлични трансформации во многу славни личности, од Северина со Лејди Ди и Мерилин Монро…, а неодамна се трансформираше и во Џорџина Родригез, вереницата на Кристијано Роналдо.
Видеото на Марина како Џорџина предизвика големо внимание во тоа време, а сега, неколку недели подоцна, лице блиско до Џорџина и Кристијано ја гледало нејзината трансформација.
Станува збор за сестрата на Џорџина, Ивана Родригез. Таа ја лајкнала објавата на Марина и ја воодушевила.
– Сестрата на Џорџина (вереницата на Роналдо) ја лајкна мојата трансформација. Благодарам многу, пишува во објавата на Марина на Инстаграм.
View this post on Instagram
Марина пред еден месец се трансформираше и во Роналдо и ги покани своите следбеници да го тагнат португалскиот фудбалер во коментарите за видеото да стигне до него.
View this post on Instagram
Успеа во тоа: Роналдо го виде нејзиното видео и на нејзината среќа ѝ немаше граници.
– Луѓе мои, Роналдо штотуку го виде моето стори. Па, ова не се случува секој ден! Ви благодарам на сите што го тагнавте Кристијано во мојата трансформација! Ни во најлудите соништа не помислив дека ќе стигне до неговиот профил, но бидејќи имам најсилна поддршка на светот… се случи, напиша Марина.
View this post on Instagram