БЕЛОРУСИТЕ ГИ ПРЕДУПРЕДИЛЕ ПОЛЈАЦИТЕ ДЕКА ДОАЃААТ ДРОНОВИ? Изненаден сум што ни помогнаа, вели првиот човек на полската армија

Во овој контекст, бев изненаден што Белорусија, која силно ја ескалира ситуацијата на копнената граница, одлучи да се вклучи во таква соработка, изјави гeнералот началникот на Генералштабот на полската армија во врска со инцидентот со дронови од 10 септември.

3,541

Полска добила информации од Белорусија за беспилотните летала што летаат во нејзин правец, објави полската ТВН24, повикувајќи се на изјава на началникот на Генералштабот на полската армија.

– Белорусите нè предупредија дека беспилотни летала летаат низ нивниот воздушен простор во наш правец – изјави гeнералот Виеслав Кукула, за телевизијата, пренесе хрватски Индекс.






Кога беше прашан за навременоста на предупредувањето, тој одговори дека „предупредувањето беше корисно“.

– Во овој контекст, бев изненаден што Белорусија, која силно ја ескалира ситуацијата на копнената граница, одлучи да се вклучи во таква соработка.

Полската војска вчера објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.

„Распоредено е оружје и службите активно работат на лоцирање на соборените објекти. Имаше невидено кршење на полскиот воздушен простор“, соопшти Полската оперативна команда.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека најмалку 19 дронови влегле во полскиот воздушен простор. Полските власти досега пронајдоа остатоци од 15 дронови и „ракети од неидентификувано потекло“.

Додека стигнаа бројни реакции од европските лидери и од НАТО за случајот, официјална Москва се огласи преку своето Министерство за одбрана велејќи дека нападот не бил насочен кон Полска, туку кон Украина, но дека „можеме да се консултираме со полските власти во врска со тоа“.

Додека Полска најави дека го активирала членот 4 од НАТО за консултација со останатите членки во врска со инцидентот, челници на ЕУ ја ставија на маса идејата за формирање ѕид од дронови за заштита од напади од Русија.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте му порача на рускиот претседател на Путин да ја сопре војната, но и дека со соборувањето на дроновите над Полска авионите на НАТО покажале спремност да ја бранат секоја педа на својата територија.

Поврзани содржини