ВЛАДАТА СО НОВ АТАК ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ Фетаи го предводи националниот совет за финансиски истраги

Советот ќе ја координира работата на Националната комисија и ќе обезбедува стратешки насоки за конфискација и поврат на имот, со цел граѓаните да видат резултати од институционалната борба против криминалот.

807

Владата на Република Северна Македонија усвои Одлука за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, како дополнителна алка на врвот на координациската структура. Со советот ќе раководи заменик претседателот на Владата за политики за добро владеење, Арбен Фетаи.

Членови на новоформираниот Совет ќе бидат министерот за внатрешни работи, министерот за правда, министерот за финансии, јавниот обвинител, претседателот на Врховниот суд, раководителот на Канцеларијата за поврат на имот, директорот на Бирото за јавна безбедност, директорот на Царината, директорот на Управата за финансиска полиција, директорот на Агенцијата за управување со одземен и конфискуван имот, како и претседателот на Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот.






Кабинетот на вицепремиерот Фетаи ќе продолжи да обезбедува политичка, административна и техничка поддршка за работата на Комисијата.

Владата нагласува дека процесите и стратешките одлуки кои континуирано се реализираат ја покажуваат посветеноста на институциите во градењето капацитети за спроведување финансиски истраги, конфискација и поврат на имот, како и ефикасно управување со конфискуваниот имот.

„Државата се гради секој ден, а граѓаните мора да бидат сведоци на конфискација на нелегално стекнатата имотна корист и да имаат можност истата да ја користат преку нејзина социјална пренамена“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Фетаи.

Поврзани содржини