АЛЦХАЈМЕР НА 47 ГОДИНИ „Се плашам дека ќе ги заборавам децата, ова се првите симптоми“
Стејси Марклин, 47-годишна мајка и сопруга, јавно ја сподели својата борба со Алцхајмеровата болест во рана фаза, ретка состојба која обично се појавува дури по 65-годишна возраст. Таа ги открила првите симптоми и како нејзиниот сопруг, децата и нејзината мајка се справуваат со болеста.
Во март оваа година, по серија тестови, Стејси Марклин (47) добила официјална дијагноза: Алцхајмерова болест во рана фаза. Како што раскажа во објава на Tик-Ток, првите симптоми се појавиле постепено како проблеми со наоѓање зборови, со краткорочната меморија и мултитаскингот.
– Се случуваше да кажам сосема погрешен збор во реченицата, како „развлечи го тепихот“ наместо „развлечи ги завесите“. На почетокот мислев дека можеби е перименопауза или замор по бременоста, бидејќи родив бебе на 44 години, вели Стејси, додавајќи дека била особено загрижена кога не можела да се сети на основни информации, како што е датумот на раѓање на нејзиниот син.
Инсистирање на дијагноза
По бројни тестови кои првично биле уредни, таа одлучила да направи тест за биомаркери во крвта. Резултатите покажале покачени нивоа на P-tau181 и P-tau217, кои укажуваат на Алцхајмерова болест, а позитивното ПЕТ скенирање на мозокот со раширени амилоидни плаки ја потврдило дијагнозата.
– Иако се плашев и мислев дека можеби имам Алцхајмерова болест, не верував дека всушност ќе ми биде дијагностицирана болеста. Бев преплашена, особено затоа што имам дете од две и пол години, опишува Стејси.
Патот до дијагнозата бил трнлив.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.