📽️ УЖАСНО СИ ЉУБОМОРЕН НА АЛКАРАЗ, РАСПАЛИ НАВРАТИЛОВА ПО ТРАМП Шефот на САД направи кисело лице, публиката свиркаше

Рамнодушното лице на Трамп по победата на Алкараз стана вирална на социјалните мрежи. Но и публиката не остана рамнодушна на присуството на Трамп. Кога се појави ликот на Трамп на големото платно во арената, таа го исвирка. Палците беа свртени надолу.

1,764

Легендарната тенисерка Мартина Навратилова остро го прокоментира однесувањето на Доналд Трамп во финалето на УС Опен, пишува ТајмсОфИндија.

Таа изјави дека поранешниот американски претседател бил „ужасно љубоморен“ на Карлос Алкараз, откако камерите го снимија како воздржано реагира во моментите кога Шпанецот ја славеше својата голема победа.






Рамнодушното и помалку кисело лице на Трамп по победата на Алкараз стана вирална на социјалните мрежи.

Но и публиката не остана рамнодушна на присуството на Трамп. Кога се појави ликот на Трамп на големото платно во арената, таа го исвирка. Палците беа свртени надолу.

 

Уште повеќе, присуството на шефот на САД дополнително го искомплицирало финалето на УС Опен уште пред мечот да започне. Според АП Њуз, обезбедувањето било принудено да воведе засилени проверки, а почетокот бил одложен за околу половина час.

 

Луѓето нашироко ја коментираат и реакцијата на Алкараз кога беше прашан да го коментира присуството на Трамп пред почетокот на мечот. Снимката собра 1,7 милиони прегледи.

– Ќе се обидам да не размислувам за тоа. Не сакам да бидам нервозен поради тоа. Одлично е за тенисот што претседателот ќе присуствува финалето – рече Алкараз.

 

Во спортскиот дел, Карлос Алкараз повторно го потврди својот статус на нова ѕвезда во светскиот тенис. Со сигурна и зрела игра, тој го совлада Јаник Синер со 6-2, 3-6, 6-1, 6-4.

Победата не само што му ја донесе втората титула на УС Опен, туку и го врати на врвот на светската АТП ранг-листа, потврдувајќи ја неговата доминација, пренесуваат светските спортски медиуми.

Поврзани содржини