ДРИСЛА И РАШЧЕ ЌЕ ИМ БИДАТ ПРИОРИТЕТ Владимир Куновски, кандидат за градоначалник на Скопје од Движењето Слободни и независни

Плановите треба да бидат изработени од надлежните институции во корист и тесна соработка со жителите, здруженијата и истакнати стручни поединци велат од Движењето Слободни и независни.

180

Владимир Куновски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од Движењето Слободни и независни. Движењето на локалните избори ќе учествува со свој кандидат и во Општина Чаир – Ицо Колевски. Ќе има и свои кандидати за советнички листи во општините Бутел, Чаир, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Центар и други.

– Бидејќи Скопје повеќе не личи на град, туку на загадена и валкана фавела, ја предлагаме „Визија 2050“, со насоки каде би морало да се движи нормализирањето на живеењето во Скопје. Плановите треба да бидат изработени од надлежните институции во корист и тесна соработка со жителите, здруженијата и истакнати стручни поединци. Движење Слободни и независни е составено од долгогодишни граѓански активисти од здруженијата Но Пасаран, Човекот над профитот и Превентива, а политички е претставено од Работничка партија Скопје – соопшти Движењето Слободни и независни.






Посочуваат дека нивната програмата ќе биде со акцент на решавање на двете жешки точки ОХИС и Рашче, кое е во  опасност од загадување од јаловината на Југохром.

Од движењето предлагат враќање на Заводот за Урбанизам со сите ингеренции, месните заедници да бидат основа за одлучување на засегнатите граѓани, нова територијална поделба што ќе овозможи финасиска самостојност и одржливост на општините и референдум за сите три прашања, оти, како што велат, за овие прашања нема ни слух, ни волја кај партиите.

Поврзани содржини