ИМАЛО СИСТЕМ НА КОНТРОЛА НА КАРДИО-ОПЕРАЦИИТЕ АМА ЗАТАИЛ Биле извршени 8 непотребни операции кои биле наплатени од Фондот

Во секој случај, тврдат изворите на МИА, овие осум досиеја зад кои стои врвот на нашата кардолошка и кардиохируршка наука, треба да бидат почеток на еден процес која мора да се изведе до крај, за потоа да се стави крај на ова, според нив, непотребно трошење пари, но и тоа што е клучно за нив - непотребно инвазивно третирање на пациентите со операции кои можат да имаат и смртен исход.  

286

Во документот на кој се потпишаа, а со кој 16 кардиолози и кардиохирурзи од државните клиники ги проследија осумте досиеја од пациенти на кои им биле извршени кардио-операции на приватна клиника кај осум пациенти и кои ги доставија до Министерството за здравство и до ФЗО, стои дека тоа се случаи кај кои се констатирани „одредени неправилности во индикациите за оперативен третман“.

Што значи тоа? Одговорот што беше проследен од некои од потписниците е краток и јасен: „Дека нема вистинска причина за операција, според медицината базирана на докази“.






Тоа значи дека во овие осум случаи, според 16 кардиохирурзи и кардиолози, непотребно биле извршени операции, а потоа истите биле наплатени од Фондот за здравствено осигурување. Овде не станува збор за стентирање за што ФЗО нема договор со приватните клиники, вели изворот на МИА, туку за класични операции.

Останува нејасно, зошто овие операции не се вршеле на државната кардиохирургија која, за таа цел беше основана.

Според сознанија на МИА, еден од најголемите заговорници за унапредување на Клиниката на Жан Митрев, своевремено, бил тогашниот директор на ФЗО, Војо Михајловски, но во негово време, а и потоа, после него, за ниту една операција извршена на приватна клиника не можело да се исплатат пари од ФЗО ако претходно, зад потребата од операција не ставеле потписи петмина државни кардиолози (тогаш државната кардиохирургија не постоела). Еден од изворите на МИА се сеќава дека во еден случај, пациент препратен од Штип бил опериран на приватна клиника, но пари од ФЗО не биле исплатени зашто еден од кардиолозите не ставил потпис на потребата од вршење таква операција.

Така што, според сознанија на МИА, имало систем на контрола за потребата од вршење операции на приватните клиники кои потоа би се исплатувале од сметката на ФЗО. Тој систем на контрола во подоцнежните времиња е напуштен, а потписниците на документот доставен вчера до МЗ и ФЗО, не сакале да навлегуваат во причините за тоа.

Но, како што наведува МИА, постои стравот дека тоа се направило во време на претходните раководства на двете институции со цел да згасне државната кардиохиругија или нејзините капацитети да се сведат на минимум, а истовремено да се ослабне и Клиниката за кардиологија при Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

Значи систем на контрола имало, тој систем е напуштен и сѐ што сега треба да се направи е контролниот систем да се обнови. Со домашни или странски експерти, кои, доколку се од странство, филмовите од пациентите врз основа на кои ќе се изврши проценка дали е потребна или не операција на приватна клиника би можеле и електронски да ги прегледаат.

Сето ова е битно за да се елиминираат ваквите случаи и непотребните одлевања на пари од ФЗО, кои според истражувањето на неделникот Фокус се движат со милиони евра годишно. Кога сѐ ќе се собере, може лесно да се дојде до заклучок дека, ако не целосно, тогаш барем приближно, со тек на годините непотребно се давани пари со кои би се изградил нов клинички центар.

Со тој систем, а и со овој документ зад кој стојат 16 врвни лекари, се елиминира и прашањето за тоа што ако во одреден случај постојат две различни мислења. Едно на лекар кој смета дека треба да се изврши операција, друго на лекар кој смета дека таква операција не треба да има. Овде станува збор за систем кој вклучува група специјалисти кој ја елиминира можноста да се направи пропуст од финансиски причини.

Во секој случај, тврдат изворите на МИА, овие осум досиеја зад кои стои врвот на нашата кардолошка и кардиохируршка наука, треба да бидат почеток на еден процес која мора да се изведе до крај, за потоа да се стави крај на ова, според нив, непотребно трошење пари, но и тоа што е клучно за нив – непотребно инвазивно третирање на пациентите со операции кои можат да имаат и смртен исход.

Поврзани содржини