ФЕНЕРБАХЧЕ ГО ОТПУШТИ МУРИЊО Португалецот киксна во Лисабон

„Му се заблагодаруваме за неговата досегашна работа со нашиот тим и му посакуваме многу успех во неговата идна кариера“, објави турскиот клуб.

198

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче објави денеска дека ја прекинува соработката со португалскиот тренер Жозе Мурињо, два дена откако клубот од Истанбул беше елиминиран од Бенфика во плејофот за пласман во Лигата на шампионите.

„Му се заблагодаруваме за неговата досегашна работа со нашиот тим и му посакуваме многу успех во неговата идна кариера“, објави турскиот клуб.






Португалскиот тренер Мурињо, кој дојде во Истанбул од почетокот на сезоната 2024/2025, втора сезона не успеа да го одведе Фенербахче до групната фаза во Лигата на шампионите.

По ремито 0-0 во првиот натпревар против Бенфика, турскиот тим во средата вечер загуби со 1-0 на реваншот во Лисабон и ќе ги продолжи настапите во Лига Европа.

Поврзани содржини