ЌЕ СЕ ВЕШТАЧИ ДАЛИ ТРОЈЦАТА КАВАДАРЧАНИ ИМАЛЕ НАМЕРА ДА ИЗВРШАТ УБИСТВО Откако го претепале до смрт сограѓанинот пред казиното, се сокриле во стан
Оштетениот се обидел да се врати во објектот, но изгубил свест. Подоцна починал од тешките повреди кои му биле нанесени. Обвинителството информира дека ќе се врши психијатриско вештачење на осомничените. Ако се утврди дека имале намера да го лишат од живот лицето, делото ќе се преквалификува во убиство.
Тројцата мажи кои до смрт претепаа едно лице пред казино во Кавадарци ќе одат на психијатриско вештачење за, меѓу другото, да се утврди дали имале намера да го лишат лицето од живот. Ако се утврди, делото во пријавата ќе се прекфалификува како убиство, информираше Јавното обвинителство потврдувајќи дека е поведена истрага за да се соберат сите потребни докази.
Тие во моментот се осомничени за тешка телесна повреда со смртни последици.
Давајќи детали за случајот, Обвинителството соопшти дека лицата по нападот не се пријавиле во полиција, туку се сокриле во станот на еден од нив.
„Од тие причини јавниот обвинител оцени дека притворот е неопходен за непречено водење на постапката и обезбедување на сите докази“, се наведува во текстот.
Во соопштението се вели и дека нападот продолжил надвор од казиното.
„Потоа излегле надвор, физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава“.
Оштетениот се обидел да се врати во објектот, но изгубил свест. Подоцна починал од тешките повреди кои му биле нанесени.
За случајот во средата, 27 август, се огласи и Министерството за внатрешни работи (МВР). Се работи за тројца мажи, двајца 27-годишници и еден на 35 години кои нападнале 43-годишниот П.Т. од Кавадарци на задниот влез од казинот на улицата Никола Минчев. И покрај укажаната помош, екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт во 05 и 15 часот наутро.
„Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициска станица. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во полициското соопштение.
Случајот бил пријавен во 04:56 часот.