🎥 БРИТАНСКИ ЈУТЈУБЕР САКАЛ ДА ПЛОВИ ПО ВАРДАР, ЗАГЛАВИЛ ВО ОТПАД „Ова е цунами од ѓубре“
Хејвард вели дека случајно дошол во Македонија и се вљубил во земјата, по што често доаѓал, а летово одлучил да живее тука извесен период.
Британскиот јутјубер Ричард Хејвард, креатор на каналот @SideQuestMerchant, кој престојува во Македонија каде снима и објавува видеа од разни локации.🎥
Тој осмисли мисија да плови по реката Вардар, почнувајќи од Гостивар до Грција.
– Ова буквално е цунами од ѓубре како што можете да видите. Ќе се обидеме повторно, но ќе тргнеме да пловиме од Скопје – рече Хејвард, налетувајќи на купишта отпад од пластични шишиња во реката Вардар.
Тој учествувал и во акција за собирање ѓубре од кејот на Вардар и од реката. Меѓу „пленот“, нашол и стол.
Хејвард вели дека случајно дошол во Македонија и се вљубил во земјата, по што често доаѓал, а летово одлучил да живее тука извесен период.
View this post on Instagram