КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЈУТЈУБЕРОТ БАКА ПРАСЕ Незаконски организирал игри на среќа
Бакa Прасe, чиј канал на Јутјуб го следат голем број млади, исто така промовирал и платформа за онлајн обложување Вавада.
Српската Управа за игри на среќа започна постапка против популарниот јутјубер Бакa Прасe поради сомневање дека неовластено организирал наградни игри и делел награди без потребни дозволи.
Според информациите на Република.рс, Управата за игри на среќа поднела кривична пријава против познатиот јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бакa Прасe, поради сомневање дека организирал наградни игри без законско одобрување и без уплата на потребните надоместоци за распределување на парични и стоковни награди.
Бакa Прасe, чиј канал на Јутјуб го следат голем број млади, исто така промовирал и платформа за онлајн обложување Вавада, против која исто така е поднесена кривична пријава до Одделот за високотехнолошки криминал поради сомневање за неовластено организирање игри на среќа преку средства за електронска комуникација.