ТРАМП БАРА МАГНЕТИ ОД КИНА Инаку се закани со царини од 200%

Претседателот Доналд Трамп посочи дека строгите царински мерки на САД би ја стопирале трговијата со Кина, но дека тоа би било прифатливо ако се покаже како неопходно.

153

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини до 200% на кинескиот увоз доколку Пекинг не успее да обезбеди сигурно снабдување за САД со магнети направени од ретки земјени елементи, јави ДПА.

– Tие мора да ни дадат магнети. Ако не ни дадат магнети, тогаш ние мора да им наплатиме царина од 200% или нешто слично – рече Трамп синоќа во Белата куќа за време на состанокот со јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг, пренесува германската агенција.






Американскиот претседател призна дека ваквите екстремни мерки ефикасно ќе ја запрат трговијата со Кина, додавајќи дека тоа би било прифатливо доколку е потребно.

Ретките земјени метали се критични за модерната технологија

Ретките земјени метали се критични за модерната технологија, вклучувајќи ги паметните телефони, ветерните турбини, електричните возила и воената опрема, а магнетите се особено важни.

Кина е светски лидер во производството и преработката на овие метали, а САД се потпираат на увозот, потсетува ДПА.

Пекинг претходно го ограничи извозот на ретки земјени метали и магнети поради трговскиот конфликт со САД.

Мешани сигнали од Трамп

Последните забелешки на Трамп се во спротивност со неговиот попомирувачки тон од почетокот на август, кога објави 90-дневно продолжување на трговското примирје со Кина.

Двете земји во мај се согласија да ги суспендираат новите казнени тарифи за да ги унапредат преговорите за трговијата, снабдувањето со ретки метали и пристапот до чипови за вештачка интелигенција (ВИ), потсетува ДПА.

„Волстрит џурнал“ објави дека кинеска делегација, предводена од преговарачот Ли Ченгганг, се очекува неделава во Вашингтон да ги продолжи разговорите.

ТРАМП НАЈАВИ ОДЛИЧНИ ОДНОСИ СО КИНА Планира да го посети Си Џинпинг

Поврзани содржини