403 НАЈГОЛЕМИ ДАТА-ЦЕНТРИ ВО САД МЕСЕЧНО ТРОШАТ СТРУЈА КОЛКУ МАКЕДОНИЈА ЗА ЕДНА ГОДИНА Загрижува фактот што таа струја е произведена од фосилни горива

Според авторите на истражувањето од Универзитетот Харвард, забрзаната изградба на нови објекти и зголемената побарувачка за компјутерски капацитет потребен за развој на технологијата со вештачка интелигенција значат дека вистинската потрошувачка во 2026 година би можела да биде значително поголема од анализираните податоци.

59

Големите центри за податоци во САД трошат огромни количини електрична енергија, а нивната вкупна потрошувачка се приближува до годишната потрошувачка на цели федерални држави. Според нова студија на научници од Универзитетот Харвард, 403 големи центри за податоци во текот на една година потрошиле помеѓу 68 и 99 терават-часови електрична енергија, што е споредливо со годишната потрошувачка на федерални држави како Индијана, Мичиген и Тенеси.

Истражувањето го опфати периодот од мај 2024 до април 2025 година, а централната проценка покажува потрошувачка од приближно 82 терават-часови. Ова одговара на околу 1,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергија во САД.






Ова е најголемата категорија на центри за податоци, познати како хиперскални центри за податоци, кои имаат голем број серверски единици и услуги за поддршка како што се cloud computing, обука на големи јазични модели и развој на алатки базирани на вештачка интелигенција.

Истражувањето, објавено на 16 ноември 2026 година во научното списание Nature Sustainability, покажа дека потрошувачката на овие објекти е поврзана со емисија од приближно 25,7 милиони метрички тони јаглерод диоксид годишно. Ова е два до три пати повеќе од претходните проценки од 2018 година.

Струјата што ја трошат овие центри доаѓа од фосилни горива

Особено загрижувачки е фактот дека околу 54% од електричната енергија што се припишува на овие центри се произведува од фосилни горива. Природниот гас учествува со приближно 38%, додека јагленот сочинува приближно 15% од вкупното производство на електрична енергија што се припишува на овие објекти.

Истражувачите користеле сателитски снимки за да идентификуваат 403 центри за податоци низ САД, а потоа да ја проценат нивната потрошувачка на електрична енергија. За да ги проценат емисиите, тие користеле податоци од Агенцијата за заштита на животната средина на САД (EPA) и структурата на производството на електрична енергија во регионалните мрежи.

Според авторите на истражувањето, забрзаната изградба на нови објекти и зголемената побарувачка за компјутерски капацитет потребен за развој на технологијата со вештачка интелигенција значат дека вистинската потрошувачка во 2026 година би можела да биде значително поголема од анализираните податоци.

Сепак, истражувањето се однесува на 403 проверени објекти и не претставува проценка на вкупната потрошувачка на сите центри за податоци во САД.

Дата центрите во САД месечно трошат колку цела Македонија за една година

Дата центрите во САД со потрошувачка од 99 терават-часови (TWh) трошат 14 до 16 пати повеќе струја отколку цела Македонија за една година.

Цела Македонија (домаќинства, индустрија, институции и загуби во мрежата) троши околу 6,1 до 7,2 TWh годишно, американските дата центри трошат 99 TWh.

Електричната енергија што овие дата центри ја трошат за само 3 до 4 недели, е доволна за да ги задоволи потребите на цела Македонија за една цела година.

Потрошувачката на најголемие дата-центри во САД претставвува 3,5% од годишната потрошувачката на струја во целата  Европска Унија (која изнесува околу 2.750 TWh).

Годишната потрошувачка на дата центрите во САД најблиску одговара на вкупната потрошувачка на струја на Холандија, Финска, Белгија или Полска, во зависност од тоа дали се гледаат само најголемите AI центри или сите дата центри заедно. Годишната потрошувачка на цела Финска (~83 TWh), Белгија (~84 TWh) или Австрија (~73 TWh), а е малку помало од потрошувачката на Холандија (~115 TWh).

Сите дата центри во САД заедно со најголемите 403 трошат струја околу 190 терават-часови. Оваа бројка ја надминува потрошувачката на секоја поединечна земја од средна големина во ЕУ. Најблиску до неа е Полска (~165 – 170 TWh), додека сите американски дата центри заедно трошат повеќе отколку Шведска (~135 TWh) или Чешка и Романија заедно (~115 TWh).

Зошто дата центрите трошат толку струја?

Дата центрите трошат огромни количини електрична енергија поради комбинација од непрекинато работење 24/7, екстремно моќни чипови за вештачка интелигенција (AI) и масивни системи за ладење.

Традиционалните сервери користат обични процесори (CPU), но AI моделите бараат десетици илјади графички процесори (како Nvidia H100/B200) кои работат паралелно. Еден ваков чип троши колку цел просечен домашен шпорет или клима-уред.

Кога поставувате едно прашање на современ AI модел, тоа троши околу 10 пати повеќе струја отколку обично пребарување на Google. Уште повеќе енергија оди на „тренирање“ на тие модели, процес кој трае со месеци.

Сите тие илјадници чипови што работат со полна пареа ослободуваат огромна топлина. Ако температурата во салата порасне, серверите ќе прегорат.

Помеѓу 30% и 40% од целата струја во еден дата центар не оди на пресметки, туку на пумпи, вентилатори и индустриски чилери (ладилници) кои ја одржуваат температурата ниска дење и ноќе.

За разлика од фабриките кои работат во смени или преку ден, интернетот, банките, облак-сервисите (Cloud) и AI не смеат да запрат ниту една секунда.

Дата центрите имаат огромни батериски системи (UPS) и дизел-генератори кои постојано се одржуваат во состојба на готовност за да нема прекин ниту за милисекунда ако падне градската мрежа.

 

Поврзани содржини