„ИЗРАЕЛ ЖАЛИ ЗА СЕКОЈА ШТЕТА НАНЕСЕНА НА ПОЕДИНЦИ КОИ НЕ СЕ ВМЕШАНИ“ Израелската војска нареди истрага за нападот во кој загинаа новинари

641

Израелската армија денеска нареди истрага за нападот врз болницата Насер во јужниот дел на Појасот Газа, при кој загинаа 19 луѓе, од кои четворица новинари.

„Израелската армија денеска изврши напад во околината на болницата Насер во Кан Јунис. Началникот на ГШ нареди да се спроведе прелиминарна истрага што е можно побргу“, се наведува во соопштението на израелската армија.






Исто така, се посочува дека армијата „жали поради секоја штета нанесена врз поединци кои не се вмешани“, како и дека цел на нападите не биле новинарите.

Во нападот врз болницата во Кан Јунис загинаа новинари и медиумски работници на катарската телевизиска мрежа „Ал Џазира“ и на новинските агенции Ројтерс и Асоушиејтед прес.

📽 ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА УБИ НОВИНАРИ НА РОЈТЕРС, АЛ ЏАЗИРА И НА АСОУШИЕЈТЕД ПРЕС Бизарни снимки од нападот врз болница во Газа

Поврзани содржини