ОД 1 СЕПТЕМВРИ НОВИ ПРАВИЛА ЗА УВОЗ НА ВОЗИЛА Поевтино, побрзо и 1,3 милиони евра назад кај македонски компании

Министерството за енергетика донесе нов Праилник кој воведува европски правила во утврдувањето на типот на возилото и неговата техничка состојба.

6,540

Околу 1,3 милиони евра ќе заштедат увозниците на возила во земјава со воведувањето на новите правила за возила кои предвидуваат воведување на европските стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата, соопшти Министерството за енергетика.

Правилата ќе се применуваат од 1 септември, а се содржани во правилникот за возила кој овозможува по 17 години целосно да почне да се применува Законот за возила.






Овој износ на пари, како што соопшти Министерството за енергетика, досега оделе кај странски компании кои издавале TÜV потврди за техничка состојба на возилата.

Сега, оваа постапка ќе се регулира преку компании домашни овластените застапници.

Оваа е дел од промените кои ги носи новиот правилник.

Според новите правила одобрување на тип на возило за сите негови варијанти и изведби ќе се врши според документот на WVTA – системот за целосно одобрување на тип на возило, без дополнително тестирање, освен ако увозникот не побара поинаку.

Системот (WVTA) овозможува производителот да добие сертификат за тип на возило во една земја од ЕУ и да го пласира на пазарот низ цела ЕУ без дополнителни тестови.

Единечно одобрување на возила ќе се врши исклучиво за возила за кои не е одобрен типот во Македонија и немаат одобрение за тип во ЕУ и тоа преку Биро за метрологија.

Возила со претходно одобрен тип во ЕУ или во РСМ немаат потреба од посебна постапка за единечно одобрување и директно одат во постапка за идентификација и оцена на техничката состојба.

Увозниците на возила имаат обврска да издаваат потврди за исполнетост на техничките барања за сите возила за кои постои европско одобрение на тип (WVTA) или национално одобрување на тип.

За останатите возила за кои не постои одобрение на тип во РСМ или не постои одобрение на тип во ЕУ, импортерите немаат обврска да ги издаваат потврдите, ваквите возила ќе обезбедуваат потврди од независни институции прифатени од Бирото за метрологија.

Правилникот предвидува покуси рокови за одобрување на тип во Бирото за метрологија. Постапката се скратува и станува поефикасна. Правилникот ги регулира и цените на услугите Биро за метрологија. Потврдите за исполнетост на техничките карактеристики кај застапниците ќе чинат 40-50 евра.

Министерството нагласува дека соработката со застапниците е клучна за успешна примена на Законот и изграден функционален систем на доверба.

– Градиме партнерски однос со импортерите како клучен елемент во процесот на усогласување со европските стандарди. Граѓаните треба да се чувствуваат заштитени и поддржани при секоја постапка за одобрување на возила – изјави министерката изјави министерката за енергетика Сања Божиновска по средбата со повеќе од 40 овластени застапници и увозници на возила во Македонија.

На средбата присуствуваа директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, претставници на Биро за метрологија и Царината како и професорот Дарко Данев кој ги презентираше измените во постапките за одобрување на возила.

Поврзани содржини