АМЕРИКАНСКИ НОВИНАР ОТКРИ ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ОД СРЕДБИТЕ СО ВУЧИЌ Што рекол српскиот претседател за протестите?

Состанокот меѓу американскиот новинар Капил Комиреди и претседателот Александар Вучиќ бил одложен, Вучиќ изгледал исцрпено, а потоа изнел тврдења за демонстрантите во Србија.

2,919

Американскиот новинар Капил Комиреди, во колумна за Њујорк пост, изнесе досега непознати информации за средбите со српскиот претседател Александар Вучиќ, откривајќи детали за неговото однесување и за околностите во кои се одвивале разговорите.

Опишувајќи ја својата средба со српскиот претседател, Комиреди наведува дека Вучиќ делувал „необично отсутно“ кога се сретнале пред една недела и открива зошто нивниот состанок претходно бил одложен.






Претседателот бил со повредените полицајци во Ургентниот центар

„Состанокот беше одложен еднаш зашто тој ја помина целата ноќ во Ургентниот центар со повредени полицајци. Додека ме поздравуваше, изгледаше исцрпено. Демонстрантите, рече тој (Вучиќ), се пиони во рацете на непријателите на Србија кои се обидуваат да предизвикаат проблеми во земјата. Дали би ги именувал? Не. Откривањето на нивниот идентитет би предизвикало уште поголеми проблеми. Она што можеше да ми го каже е дека секој демонстрант добивал по 30 евра дневно ‘само за храна’. Сега помножете ја таа бројка, рече тој, со бројот на луѓе таму и сите денови кога биле активни,“ пишува Комиреди во својот текст.

Вучиќ застанал, како запрепастен од сопствените калкулации: „Тоа се милиони и милиони евра“, прераскажува Комиреди.

„Вучиќ е еден од ретките европски партнери на Трамп“

Авторот наведува дека се сретнал со Вучиќ пред една недела, во време на нов бран насилство за време на ноќните демонстрации низ српските градови. Вучиќ го опишува како „еден од ретките европски партнери на претседателот (Доналд) Трамп“.

Комиреди додава дека центарот на Белград „речиси секоја вечер се претвора во бојно поле: „од едната страна демонстранти, од другата вооружена полиција“. Понатаму тврди дека дел од Западот греши кога повикува на акции против Вучиќ, претпоставувајќи дека она што ќе дојде по него ќе биде подобро.

Комиреди е новинар, книжевен критичар и автор, чиишто колумни и коментари се објавувани и во „Њујорк тајмс“ и во британскиот „Дејли телеграф“.

Поврзани содржини