📽 РУСИЈА СОБОРИ 21 УКРАИНСКИ ДРОН, МОСКВА МЕТА НА НАПАД Кремљ возврати со удар врз Суми, се запалиле згради
Нападите врз Сумскиот регион предизвикале штета на дел од клучната инфраструктура, што довело до прекини во снабдувањето со електрична енергија во поединечни делови од регионот.
Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на изминатата ноќ пресретнаа и уништија 21 украински дрон во неколку руски региони, вклучувајќи 2 дрона што беа насочени кон Москва, соопшти руското Министерство за одбрана.
Руските медиуми го цитираат министерството кое наведе дека од 23 часот синоќа по московско време до 7 часот утринава биле пресретнати 21 дрон.
Меѓу нив, 7 над Смоленскиот регион, 6 над Брјанскиот регион, 3 над Орјолскиот регион, 3 над Московскиот регион, од кои два биле насочени кон Москва, како и по еден над Калушкиот и Тверскиот регион.
Русија погоди 10 локации во Суми
Од друга страна, пак, руските дронови ноќеска погодиле над 10 локации во градот Суми, при што биле запалени станбени згради, објави началникот на воената администрација на градот Суми, Сергеј Кривошејенко.
– Нападот се случи околу полноќ кога непријателот започна масовен напад врз градот – рече Кривошејенко и додаде дека нема пријавени жртви, објави Укринформ.
Прекин на електричната енергија во Суми
Гувернерот на регионот Суми, Олег Хригоров, потврди дека напади со беспилотни летала се регистрирани и во населбата Роменска.
Поради влијанието врз клучните инфраструктурни објекти, имаше прекин на електричната енергија во делови од Сумскиот регион.
🇷🇺🔥 Russian UAV strikes spark fires in Sumy and Sloviansk
Footage shows a major fire in Sumy after a drone attack. In Sloviansk (photo), locals say a strike may have hit the military recruitment center. pic.twitter.com/ZYR6VJQbLZ
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) August 24, 2025