ПОЧИНАЛ РАБОТНИК ДОДЕКА РАБОТЕЛ НА АВТОПАТ Причината за смртта ќе се утврдува со обдукција
Смртта ја констатирал лекар од приавтна здравствена установа, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција
Работник вчера починал на работно место на изградба на автопат во атар на селата Долно Ѓоновица и Симница.
Полицијата соопшти дека станува збор за Д.П.(60) од село Врашчиште кој работел на извршување градежни работи за приватна фирма на автопат во изградба.
Нема информација за тоа како настанала смртта на работникот.
Смртта ја констатирал лекар од приавтна здравствена установа, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.