СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРА ПОД ИСТРАГА Министерството за здравство сега ќе ги издава и ќе ги продолжува лиценците на стоматолозите

195

Целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите во врска со работењето на Стоматолошката комора, се доставени до Јавното обвинителство за натамошно разгледување и постапување, согласно законските надлежности, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

„Доставени се трите извештаи за работа на комисијата за вршење надзор над законитоста на работата во вршење на јавното овластување на Стоматолошката комора од 25 февруари 2025 година, од 15 мај 2025 година и од 21 мај 2025 година“, посочуваат од Министерството.






Тие додаваат дека дополнително е доставено и известување до Стоматолошката комора од 11 март 2025 година, како и списи и документација од секторот за стоматолошка здравствена заштита.

„Во врска со процедурата за добивање или за продолжување лиценца на докторите по стоматологија, за што времено ги презедовме надлежностите, докторите може да ја достават документацијата во нашата архива, до сектор за стоматолошка здравствена заштита“, информираат за МИА од Министерството за здравство.

Поврзани содржини