АМЕРИКАНСКИ СЕНАТОР САКА РУСИЈА ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА СПОНЗОР НА ТЕРОРИЗМОТ Тој бара Путин да врати 19.000 украдени украински деца

Етикетата „државен спонзор на тероризмот“ би го направила секој економски или комерцијален контакт со Русија на Путин опасен, правејќи ја соработката со неа неприфатлива за повеќето земји и меѓународни компании.

431

Американскиот сенатор Линдзи Греам (Lindsey Graham)  објави на социјалната мрежа X дека ќе се залага за закон со кој официјално ќе се признае Русија како државен спонзор на тероризмот доколку Кремљ не врати повеќе од 19.000 украински деца нелегално земени за време на војната.

„За време на руско-украинската војна, Русија киднапираше над 19.000 украински деца. Киднапирањето на децата од нивната татковина е исто така варварски чин. Како што реков претходно оваа година, имам намера да промовирам закон со кој Русија ќе се прогласи за државен спонзор на тероризмот според американскиот закон доколку не ги вратат децата“, напиша сенаторот од Јужна Каролина.






Според него, таквата етикета би го направила секој економски или комерцијален контакт со Русија на Путин опасен, правејќи ја соработката со неа неприфатлива за повеќето земји и меѓународни компании.

Поврзани содржини