КРИВИЧНИ ЗА ДВАЈЦА ЕКС ГЕНЕРАЛНИ ДИРЕКТОРИ НА АД ПОШТИ Со несовесно работење го оштетиле буџетот за 32.546 евра

Пријавените во текот на 2023 година пропуштиле должен надзор над работењето на своите подредени раководители на подружници во друштвото и дозволиле да се прекрши Законот за јавните набавки.

910

Полцијата поднесе кривични пријави против двајца поранешни генерални директори на АД Пошти за несовесно работење во службата. Според иницијалите на пријавените, се работи за Васко Стефанов и Бујаре Абази.

„СВР Скопје поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела Несовесно работење во службата, по член 353 од Кривичниот законик, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. поранешни генерални директори на АД Пошти. Според сознанијата од превземените опсежни истражни дејствија пријавените во текот на 2023 година пропуштиле должен надзор над работењето на своите подредени раководители на подружници во друштвото, така што дозволиле да биде постапено спротивно на на член 40 став 6 од Законот за јавни набавки, а во врска со член 9, став 1, точка г од овој закон, каде е пропишано дека договорните органи од оваа секторска дејност смеат да извршат набавки без спроведена постапка за јавна набавка која не смее да ја надмине висината од 24.000 евра. На тој начин тие практично овозможиле да бидат извршени набавки без спроведена постапка за јавна набавка во вкупен износ од 56.546 евра, што претставува надминување на предвидениот и дозволениот праг на извршени набавки, без спроведена постапка за јавни набавки, во вкупен износ од 32.546 евра. Сума за која што пријавените го оштетиле буџетот на АД Пошти“, соопшти скопската полиција.

 

Поврзани содржини