„ВУЧИЌ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР, ГО СПРЕМА ДОДИК ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ“ Необично тврдење на српски опозиционер од партијата на Ѓилас

Борко Стефановиќ од партијата ССП во Србија ги изнесе наводите во гостување на телевизијата „Нова С“. Според него, Вучиќ се спрема за ваквото сценарио бидејќи му истекува вториот претседателски мандат.

1,454

Српскиот претседател Александар Вучиќ планира да се врати во улога на премиер, додека го подготвува доскорешниот лидер на Република Српска Милорад да биде иден претседател затоа што има српско државјанство, тврди српскиот опозиционер Борко Стефановиќ, од партијата ССП на Драган Ѓилас.

Стефановиќ ги изнесе наводите во гостување на телевизијата „Нова С“. Според него, Вучиќ се спрема за ваквото сценарио бидејќи му истекува вториот претседателски мандат, пренесува Рапорт.ба.






Срспкиот претседател неодамна изјави дека не планира да го менува уставот на Србија за повторно да се кандидира за функцијата.

ВУЧИЌ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА ГО МЕНУВА УСТАВОТ ЗА ПАК ДА СЕ КАНДИДИРА „Ја завршувам кариерата со неоспорни успеси

Од друга страна, Додик повеќе не е претседател на Република Српска. Откако Апелациониот совет ја отфрли неговата жалба, мандатот му е официјално прекинат, и веќе е закажано дека ќе следат вонредни избори.

Опозиционерот Стефановиќ ги коментирал и протестите во Србија велејќи дека синоќешното појавување на Вучиќ пред просториите на СНС во Белград, каде беа скршени прозорци, спроведени апсења без основа и тепања млади луѓе, претставува „обид да се продолжи непрогласена вонредна состојба“.

– Репресијата ќе се интензивира, ќе се обидуваат секого што излегува на протести да го прогласат за „терорист“. Сето ова е прелудиум за засилена репресија. Без разлика колку е тешко, мора да останеме смирени, бидејќи мирен протест и полициската прошетка синоќа во Нов Белград се многу подобар одговор – заклучил тој.

Поврзани содржини