🎥 ТРАМП И МАКРОН ЗАБОРАВИЈА ДА ГО ИСКЛУЧАТ МИКРОФОНОТ Двајцата лидери го оговараа Путин
Мислам дека сака да направи договор со мене, го разбираш ли тоа? Колку и да звучи лудо - му порачува Трамп на Макрон, оставајќи впечаток дека повторно се обидува да наметне нова дипломатска игра.
Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот лидер Емануел Макрон случајно беа снимени како шепотат доверлив разговор непосредно пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ и НАТО во Вашингтон.
– Мислам дека сака да направи договор со мене, го разбираш ли тоа? Колку и да звучи лудо – му порачува Трамп на Макрон, оставајќи впечаток дека повторно се обидува да наметне нова дипломатска игра.
Во разговорот, Трамп отворил и идеја за трилатерална средба меѓу него, рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски – иницијатива што веќе неколку пати ја спомнува и во своите јавни настапи.
Неколку дена претходно, во Алјаска, Трамп и Путин се сретнаа лице в лице, но без конкретен резултат за прекин на огнот. Сепак, поранешниот американски претседател изјави дека ќе продолжи да работи на „директен мировен договор“ кој, како што нагласи, може да подразбира и територијални компромиси.
Она што предизвика најмногу реакции е неговата изјава дека процесот не мора да биде условен со формален прекин на непријателствата.
– Решението е возможно и без тоа – рече Трамп, додавајќи дека е подготвен да обезбеди безбедносни гаранции за Украина – нешто што, според него, Владимир Путин веќе го прифатил.
Овој ненадеен аудио-инцидент само ја потврди дилемата: дали Трамп навистина се подготвува да наметне нов формат за мир во Украина или се работи за уште една дипломатска провокација што ќе го стави во центарот на вниманието?
Trump on a hot mic on Putin: “I think he wants to make a deal for me. Do you understand? As crazy as it sounds.” pic.twitter.com/lshkxtJ3Qm
— Aaron Rupar (@atrupar) August 18, 2025