ЗАГИНА БИТОЛЧАНЕЦ ВО ДИРЕКТЕН СУДИР, ЕДНО ВОЗИЛО ИЗГОРЕЛО Тешка сообраќајка на патот Битола-Ресен
Во несреќата има и други повредени лица.
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на регионалниот пат Битола-Ресен кај месноста Макази, во која загина 52-годишен маж по потекло од Битола.
Во несреќата има и други повредени лица.
Како што јавија локалните медиумо сообраќајката се случила меѓу две патнички возила, едното со странски, а другото со охридски регистерски таблички. Од ударот едното возило е опожарено.