БЕЗБЕДНОСТА НА УКРАИНА И НА ЕВРОПА СЕ НА МАСАТА ВО БЕЛАТА КУЌА Зеленски е благодарен за сигналот од Трамп за безбедносните гаранции

Во Вашингтон, за време на заедничкиот состанок на лидерите на САД, Украина, други европски земји, ЕУ и НАТО, ќе се дискутира за идната безбедносна архитектура на Украина и Европа, најави украинскиот претседател Володомир Зеленски.

430

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денеска во Вашингтон, за време на заедничкиот состанок на лидерите на САД, Украина, други европски земји, ЕУ и НАТО, ќе се дискутира за идната безбедносна архитектура на Украина и Европа.

Тоа беше објавено на веб-страницата на претседателот на Украина по средбата на Зеленски со специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог. Украински медиуми јавија дека преговорите меѓу претседателот на Украина, со учество на други европски лидери, и претседателот на САД Доналд Трамп, што ќе се одржат денеска во Вашингтон, станаа клучна тема на средбата на Зеленски со Келог.






„Пред сè, благодарни сме на претседателот Доналд Трамп за оваа покана и форматот што ќе го имаме. Сигналот во врска со безбедносните гаранции е важен. Многу е важно што сме заедно со САД и Европа“, истакна Зеленски.

Поврзани содржини