📽️ ЦРНОГОРСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ ВО СОЛЗИ Совладани се сите поголеми пожари во земјата
Ви благодариме за несебичноста, за секоја капка пот, за солзите и тагата, за грижата, поддршката и надежта. Благодариме за насмевката што ни ја упативте кога се гледавме очи в очи на теренот, за мавтањето додека поминувавме по патот, за сè што споделивте со нас во овие тешки денови, соопштија од Службата за заштита и спасување во Подгорица.
Солзи на олеснување ги прекрија лицата на пожарникарите откако силен дожд ја изгасна огнената стихија што со денови ја пустошеше Црна Гора. Речиси сите жаришта беа совладани, освен делови кај Риека Пиперска, каде што пламенот и натаму се шири кон Дромири и кон Купини.
Од Службата за заштита и спасување во Подгорица прогласија победа над огнот и испратија порака на благодарност.
„Ви благодариме за несебичноста, за секоја капка пот, за солзите и тагата, за грижата, поддршката и надежта. Благодариме за насмевката што ни ја упативте кога се гледавме очи в очи на теренот, за мавтањето додека поминувавме по патот, за сè што споделивте со нас во овие тешки денови. Вашата поддршка беше нашата сила да издржиме и да ја победиме огнената стихија – соопштија од Службата“, соопштија од Службата.
Потпретседателот на Собранието на главниот град, Драгутин Вучиниќ, истакна дека во Пипери конечно нема активен оган.
– Пиперски Бротњик во овој момент е без оган! Благодарност до сите што учествуваа во гаснењето на пожарите во Пипери и низ цела Црна Гора. Голем поздрав од Поток – Пипери! Хеликоптерот си замина во база. Со среќа! Крај – рече Вучиниќ.
Од Пожарникарската служба Никшиќ потврдија дека дождот ги изгаснал пожарите во Пиштете, Дубрава и Дуга, а во Петровиќи огнот се задржал на планинските падини без да загрози куќи.
„Се разбира, ќе ја следиме состојбата во текот на ноќта, за да видиме како стојат работите“, соопштија од службата.
Црна Гора во текот на ноќта ја очекува уште еден дождовен бран со порој и грмежи. Засега не е познато до кога ќе останат странските екипи кои помагаат во гаснењето.