КАКО УПРАВУВАЛ ФРЧКОСКИ СО 200.000 ЕВРА ГРАНТ КОГА ЗАМИНА КАКО АМБАСАДОР? Партиските интереси на СДСМ биле над државните, обвини Манасиевски

Скандалозно во грантот од Еразмус+ е тоа што проектот траел од 1.12.2020 година до 30.11.2023 година, а Фрчкоски е назначен за амбасадор од 20.4.2022 година што значи дека половина од овој проект тој го раководел како амбасадор на Македонија во ОН во Њујорк, рече Манасиевски.

414

 

Протежето на СДСМ Љубомир Фрчкоски добил грант од Еразмус + вреден 200.000 евра од програмата „стратешко партнерство“, како награда за неговите навреди и омаловажувања врз македонскиот народ, вели Валентин Манасиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.






– Кога велиме дека СДСМ ја користел Агенцијата Еразмус + за делење на грантови на свои луѓе, тоа се потврдува и со случајот со Фрчкоски. Како ректор на еден од факултетите во државата, по само 2 месеци од неговото назначување, благодарејќи на Фрчкоски, факултетот го добива првиот грант во нивната историја. Скандалозно во грантот е тоа што проектот траел од 1.12.2020 година до 30.11.2023 година, а Фрчкоски е назначен за амбасадор од 20.04.2022 година што значи дека половина од овој проект тој го раководел како амбасадор на Македонија во ОН во Њујорк – рече Манасиевски.

Како Фрчкоски го работел овој проект како амбасадор, праша тој.

– Кој го евалуирал проектот? Дали во Агенцијата некој вршел контрола за тоа како се води токму овој проект? Зошто проектот не бил прекинат кога Фрчкоски бил испратен за амбасадор во ОН – праша Манасиевски.

Ова е школски пример за тоа како СДСМ раководеше со државата, додаде тој.

– Не само што делеа пари на професори и свои партиски кадри, туку по падот од власта, тие поднесоа кривични пријави против училиштата, за да го свртат вниманието и да ги прикријат овие грантови. Вистината излегува на виделина. Криминалот и корупцијата на СДСМ нема да останат скриени – рече денеска Манасиевски.

 

Поврзани содржини