ПАРИЧКИ ПЛУС ОД ЕРАЗМУС+ ЗА ПОСЛУШНИЦИТЕ НА СДСМ За Фрчкоски 200.000 евра, за Нанев 120.000 евра, обвинува ВМРО-ДПМНЕ
За одработување на партиски цели и интереси биле плаќани судии, професори и некакви таканаречени експерти. На површина излегуваат сите работи кои ги правеле СДСМ, Заев и Димова и како ги користеле институциите и нивните финансии за плаќање на нивни поддржувачи и штитеници, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
На СДСМ институциите им служеа само за личен профит на поединци, а таков е и примерот со Еразмус+ со која раководеше кадарот на СДСМ, Лидија Димова, соопшти ВМРО-ДПМНЕ
„Димова и Зоран Заев со пари од Еразмус+ си ги плаќаа послушните и подобните кои требало да им завршат некоја работа или пак јавно да ги бранат. Покрај што Заев си ја купуваше слободата со пари од Агенцијата, преку судијата Лазар Нанев, исто така си ги плаќаше и неговите идеолози и јавни поддржувачи. Преку Агенцијата Еразмус+, чиишто финансиски средства се наменети за образовни програми, Заев и Димова доделиле 200.000евра на идеологот Љубомир Фрчкоски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо за образовни програми за младите, парите завршиле за проект на кој што конкурирал Фрчкоски, се додава во соопштението.
„А каде е сега тој и какви образовни програми и проекти реализирал за младите, никој не знае. Секако, затоа што тие пари не се земени за проекти за младите, туку тие, најверојатно, се исплата за тоа што Фрчкоски одработувал и уште одработува за СДСМ. Тој со години е најгласен, кога по нарачка на СДСМ треба да се нападне, шиканира илида се навреди некој нивен неистомисленик. Тој е протеже преку кого СДСМ ги изнесува на површина работите кои ги мисли, а не сака јавно да ги кажува“, се вели во соопштението.
Тоа е начинот на работа на СДСМ и начин на кој ја користел Еразмус +, се додава.
„За одработување на партиски цели и интереси биле плаќани судии, професори и некакви таканаречени експерти. На површина излегуваат сите работи кои ги правеле СДСМ, Заев и Димова и како ги користеле институциите и нивните финансии за плаќање на нивни поддржувачи и штитеници“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.