📽️ 19-ГОДИШНИК ФАТЕН ДОДЕКА ПАЛЕЛ КАБЛИ Тетовската полицијата уапси младо момче кое предизвикало пожар

Серија на апсења поради подметнати пожари низ земјата ја активира вниманието на граѓаните и полицијата.

129

Полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.М. (19) од Скопје, со привремено живеење во Тетово, поради подметнување пожар кај железничкиот надвозник на ул. Маршал Тито. Младото лице било затекнато додека палело кабли, а пожарот брзо бил изгаснат од страна на Тетовската противпожарна единица.

С.М. е задржан во полициска станица, а по завршување на документирaњето на случајот против него ќе биде поднесен соодветен кривичен поднесок.






Ова не е единствен случај во последниот период. Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.С. (57) од Куманово, поради основан сомнеж дека предизвикал општа опасност. Во населбата Карпош на Никуљски пат, неговите дејствија предизвикале пожар кој зафатил сува трева, патничко возило „Ауди“, напуштена куќа и ниви.

Пред две недели, пак, беше уапсен А.Н., кој поради основано сомнение намерно подметнал пожар во атарот на брана Водоча, кај Струмица.

Овие случаи се само дел од серијата апсења на лица поради предизвикување пожари низ земјата, кои потенцираат на потребата за контрола и превенција на огнените инциденти.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини