СЕКОЈ ТРГОВЕЦ МОРА ДА ИСТАКНЕ НАТПИС ДЕКА ШКОЛСКИОТ ПРИБОР Е НА ПОПУСТ До 15 септември моливите, гумите и боиците ќе бидат поевтини за 15%

Владата ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ќе важи од денеска до 15 септември.  Трговците на големо ќе го намалат училишниот материјал за најмалку 10 проценти, а трговците на мало за најмалку 15 проценти“, соопшти Владата.

158

Почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и за 15 проценти, соопшти извршната власт.

„Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ќе важи од денеска, 15 август до 15 септември.  Трговците на големо ќе го намалат училишниот материјал за најмалку 10 проценти, а трговците на мало за најмалку 15 проценти“, соопшти Владата.






Со оваа одлука се намалуваат цените на ранци, ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни и водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли, лепила, шестари, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни и материјали за изработка, како и други производи потребни за учениците. Тоа ќе значи пониски цени и пристапност за сите граѓани, се вели во соопштението на Владата.

„Исто така трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 1.6.2025 година. Таа цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето. Потоа, пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место во продавницата треба да биде јасно и видливо истакнат плакат со формат од најмалку А3, кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за економија и труд, како и натпис: „Попуст на училишен прибор од најмалку 15%. Апелираме да не се прават обиди за изигрување на одлуката, бидејќи Државната пазарна инспекција ќе следи на терен дали се почитува. Во спротивно ќе следуваат санкции, бидејќи секоја одлука донесена во интерес на граѓаните мора да се применува“, се вели во соопштението на Владата.

Со ова, се додава, според одредени анализи, трошоците на илјадници семејства што имаат ученици би се намалил на половина.

Поврзани содржини