ДАЛИ СТЕ ЛОШО РАСПОЛОЖЕНИ? Ова се некои од најмоќните намирници против стресот
Некои намирници помагаат да се подигне расположението, па со нивна помош можеме полесно да се бориме против стресот, анксиозноста, па дури и против депресијата.
Кога телото е под голем стрес, го ослободува хормонот кортизол, што доведува до зголемување на апетитот, што кај повеќето луѓе води до зголемување на телесната тежина. Во основа, повисоките нивоа на кортизол создаваат повисоки нивоа на инсулин во телото и пад на шеќерот во крвта, што е совршена комбинација за појава на желба за храна, особено за грицки и за нездрава храна.
Храната може да биде важен сојузник во спречувањето на одредени здравствени проблеми. Некои намирници помагаат да се подигне расположението, па со нивна помош можеме полесно да се бориме против стресот, анксиозноста, па дури и против депресијата.
Кај луѓето кои се под стрес може да се појави емоционално јадење и прескокнување на редовното вежбање. Некои од нив забораваат да јадат, бидејќи обично немаат време за тоа, што го забавува нивниот метаболизам и ја зголемува веројатноста за прејадување подоцна во текот на денот. Анксиозните луѓе, од друга страна, честопати не спијат доволно. Недостатокот на сон придонесува телото да произведува повеќе кортизол.
Списанијата Medical News Today, Men’s Fitness, Women’s Health и Health ги наведуваат намирниците кои можат да помогнат во намалувањето на симптомите на стрес, анксиозност и депресија.
Прочитајте за ова на порталот „Арт кујна“.