МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ ГУБАТ ТЕРЕН ВО СТРАНСТВО Германија останува најголем пазар пред Црна Гора

Вредноста на ново договорените градежни работи, пак, изнесува 61,78 милиони денари, што е за 70,7 отсто помалку од лани.

128

Македонската градежна оператива во првите шест месеци од 2025 година реализирала градежни работи во странство во вкупна вредност од 33,71 милиони денари, што претставува пад од 68,2 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Вредноста на ново договорените градежни работи, пак, изнесува 61,78 милиони денари, што е за 70,7 отсто помалку од лани.






Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем дел од договорените и извршените работи се во Германија, по што следат Црна Гора, Бугарија, Србија, Чешка, Босна и Херцеговина, Албанија и Данска.

Поврзани содржини