ОТКРИЕНА ЦАРИНСКА ИЗМАМА СО МЕСО ТЕШКА 110 ИЛЈАДИ ЕВРА Некој намерно ставал погрешна ознака на пратките
Дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажаа дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка, велат од Царинската управа.
Откриена e царинска измама со увози на месо во висина од 7 милиони денари, соопштија од Царинската управа. Според написот, месото намерно било пријавувано со погрешна тарифна ознака за пониска царинска стапка.
„Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, открија царинска измама во висина од 7 милиони денари. Дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажаа дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка“.
Од Управата велат дека освен пријавата за царинска измама, за сторителите се донесеи решенија за дополнителна наплата на избегнатите давачки во висина од 7 милиони денари.
„Царинската управа ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот“, се додава во текстот.