НАСКОРО ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ ВО ТРПЕЈЦА Работата ќе се одвива во 2 фази
Така што тоа што беше дадено ветување за трпејчани ќе биде реализирано, во втората половина на август, веќе се воведува фирмата изведувач во работа, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се гради колекторскиот систем во Трпејца во Општина Охрид, рече дека во втората половина на август започнува фирмата изведувач со работа, а целиот процес ќе се одвива во две фази.
– Да ќе се гради. Тој е поделен во две фази колку што јас располагам со информации. Првата фаза е пречистителната станица и двата дела од цевководи, потисниот и одводниот. Па потоа имаме препумпна станица и останатиот дел од овие два цевковода во втората фаза. Така што тоа што беше дадено ветување за трпејчани ќе биде реализирано, во втората половина на август, веќе се воведува фирмата изведувач во работа – истакна премиерот Мицкоски.