ПРАТЕНИКОТ НА ПУТИН ГО ПОДДРЖА ТРАМП ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА? „Да ги исправиме грешките на Бајден“
Дали Дмитриев ја поддржаа номинацијата на Трамп за наградата? Фотографијата која ја сподели е од објава на Белата куќа која го нарекува Трамп „претседател на МИРОТ“. Дмитриев напиша дека „грешките на Бајден мора да се исправат“.
„На светот му се потребни мир и безбедност. Грешките на Бајден мора да се исправат.“
Со оваа порака на социјалната мрежа Икс, главниот економски пратеник и преговарач на рускиот претседател, Кирил Дмитриев, сподели фотографија од номинацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир.
Дали Дмитриев ја поддржа номинацијата на Трамп за наградата или ја искритикува? Фотографијата која ја сподели функционерот е од објава на Белата куќа во која Трамп е наречен „претседател на МИРОТ“.
Под името на Трамп споменати се и светските лидери кои побарале Трамп да биде номиниран. Тоа се премиерот на Ерменија, претседателот на Азербејџан, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Камбоџа, претседателот на Габон, првиот дипломат на Руанда и владата на Пакистан.
Дмитриев, кој е и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), игра клучна улога во преговорите меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Тој беше домаќин на специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, за време на неговата посета на Москва минатата недела. Виткоф потоа одржа тричасовни разговори со Путин, кои Москва ги опиша како „реални и конструктивни“, додавајќи дека САД дале „прифатлива“ понуда во врска со можно решение за Украина.
По тие разговори, Путин и Трамп се согласија да одржат самит во градот Анкориџ, Алјаска, на 15 август.
Американскиот претседател го опиша настанот како „пробен состанок“, сугерирајќи дека разговорите би можеле да се фокусираат на потенцијален договор за размена на територија меѓу Русија и Украина.
Сепак, Дмитриев во саботата предупреди дека одредени земји заинтересирани за продолжување на конфликтот во Украина би можеле да се обидат да го саботираат самитот преку „провокации и дезинформации“.