НАМЕСТО ЗАД РЕШЕТКИ ЌЕ ОСТАНЕ НА СЛОБОДА Милорад Додик ја откупил затворската казна
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Разрешениот претседател на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник.
– Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна – соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.