МУРИЊО ГО САКА ДИМИТРИЕВСКИ Фенербахче тргна по македонскиот голман

Македонскиот голман би можел да застане меѓу стативите во тим предводен од славниот Жозе Мурињо. Фенербахче е подготвен да ја искористи ситуацијата со неговата ограничена минутажа во Валенсија и да го донесе во Истанбул. Иако конкуренција има од Франција и Италија, Турците засега се најрешителни во трката.

736

Жозе Мурињо и Столе Димитриевски во иста екипа – звучи како сценарио што би ги возбудило македонските љубители на фудбалот.

Турскиот великан Фенербахче сериозно го посакува македонскиот репрезентативен голман во своите редови.






Димитриевски во последно време речиси и да не добива шанса во Валенсија, што предизвикало разочарување и желба да ја смени средината.

Прв кој официјално се обидел да го привлече е токму Фенербахче, а покрај него, интерес покажале и Лил од Франција и Џенова од Италија.

Сепак, турскиот клуб засега е најупорен во намерата да го обезбеди неговиот потпис.

Поврзани содржини