ИЗРАЕЛ ЦЕЛОСНО ЌЕ ЈА ОКУПИРА ГАЗА Нетанјаху вели дека нема намера трајно да го присвои Појасот
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел има намера да ја преземе контролата над цела Газа.
Во интервјуто за американската ТВ станица „Фокс њуз“ кое го даде непосредно пред започнувањето на седницата на Советот за безбедност на Израел, на прашањето дали Израел планира да ја преземе целосна контрола над Појасот, тој одговара дека имаат таква намера.
– Целта е да ја осигураме нашата безбедност, да го остраниме Хамас од таму, да му овозможиме на населението да биде слободно и да ја предадеме Газа на цивилна управа – која нема да биде Хамас и нема да биде било кој што се залага за уништување на Израел. Сакаме да се ослободиме себеси и да ги ослободиме жителите на Газа од ужасниот терор на Хамас – изјави Нетанјаху.
Тој додаде дека Израел нема намера да го присвои Појасот.
– Не сакаме да ја задржиме Газа, сакаме да имаме безбедносен периметар. Не сакаме да управуваме со Газа – рече израелскиот премиер во интервју за „Фокс њуз“.
,