ПРИНЦОТ ЕНДРЈУ ЖЕНКАР ОД СВЕТСКА КЛАСА Ја изневерил сопругата Ферги со 12 жени само во првата година од бракот

Верувале или не, принцот женкар спиел со повеќе од илјада жени во текот на животот. Во книгата „The Rise and Fall of the House of York“, историчарот Ендру Лоуни изнесува голем број сериозни тврдења за бракот на принцот Ендру и Сара Фергусон, позната како Ферги.

915

Иако денес речиси целосно отсутен од јавниот живот, принцот Ендру (65) сè уште ја носи титулата војвода од Јорк и формално останува член на британското кралско семејство – но улогата што некогаш ја имал повеќе не постои. Некогаш сметан за важен претставник на круната и втор син на кралицата Елизабета II и принцот Филип, Ендру со текот на годините паднал во немилост кај јавноста и своето семејство, додека историчарот Ендру Лоуни изнесува голем број сериозни тврдења за бракот на принцот Ендру и Сара Фергусон, позната како Ферги, во својата нова книга насловена како: „The Rise and Fall of the House of York“ (Подемот и падот на куќата од Јорк). Според него, бракот што започнал со раскошна свадба во 1986 година брзо се претворил во низа меѓусебни измами и проблеми.

Наводно, Сара Фергусон сфатила неколку недели по нивната венчавка дека таа и Ендру немаат доволно заедничко и дека бракот не е онаков каков што очекувала.






Принцот Ендру спиел со 12 жени само во првата година од нивниот брак, а со повеќе од илјада во текот на животот. Ендру често бил отсутен поради неговите воени должности, а Лоуни тврди дека потоа и двајцата почнале да бараат внимание надвор од бракот.

Љубовници од различни профили

Според поранешниот возач, принцот Ендру имал интимни врски со повеќе од 12 различни жени во текот на нивната прва година од бракот. Лоуни, исто така, наведува дека вкупниот број жени со кои принцот имал сексуални врски во текот на својот живот наводно е повеќе од илјада. Меѓу нив, се тврди, биле глумици во филмови за возрасни, политички личности, вработени во ноќни клубови и келнерки.

Една девојка (20) изјавила дека принцот Ендру ѝ рекол дека имал отворен брак и дека барал од неа сексуални односи без ограничувања. Таа тврди дека ја користел за да ги исполни своите фантазии, а потоа се повлекол од врската. Особено значаен инцидент се случил во 2006 година кога принцот Ендру го претставувал британското кралско семејство на Дијамантскиот јубилеј на кралот на Тајланд.

Според книгата, тогаш побарал во неговата хотелска соба да дојдат повеќе од 40 жени. Сведоците велат дека жените влегувале и излегувале една по друга, а во некои денови имало и по десет.

Сара се обидела да го искористи кралскиот статус?

Ендру и Ферги се запознале во 1985 година и се свршиле една година подоцна. Иако Сара веќе им била позната на членовите на кралското семејство, Лоуни тврди дека кралицата Елизабета немала добар впечаток за неа. Таа наводно еднаш рекла: „Дали таа девојка никогаш не престанува да зборува?“, додека принцот Филип верувал дека Ферги се обидува да го искористи кралскиот статус.

Персоналот во кралските резиденции, исто така, наводно, бил незадоволен од нејзиното однесување. Двојката се враќала од вечерните излегувања и барала да им се подготвуваат оброци среде ноќ, и покрај фактот што персоналот работел од рано наутро. За време на престојот во францускиот ски-центар Мерибел, Ферги наводно барала од собарките да ѝ се поклонуваат, а по часови готвење знаела да го откаже оброкот и да одлучи да јаде во ресторан.

Ниту принцот Ендру ниту Сара Фергусон сè уште не ги коментирале тврдењата изнесени во книгата. Бакингемската палата и официјалните претставници на семејството Јорк, исто така, не коментирале.

За потсетување, Ендру беше принуден да се повлече од јавните должности во 2020 година откако се дозна дека е поврзан со американскиот милијардер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн. Против него беше поднесена и граѓанска тужба за сексуална злоупотреба на малолетничка, која подоцна беше решена со спогодба надвор од судот. Ова дополнително влијаеше на неговиот углед и позиција во кралското семејство.

Поврзани содржини