ЕМОТИВНА ОБЈАВА ОД ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА НА ЧИФЛИГАНЕЦ Пријателите се простуваат со Душко преку социјалните мрежи
Ева Заева, поранешната девојка на бизнисменот Душко Чифлиганец сподели емотивна објава на Инстаграм откако тој не успеа да се избори со тешките повреди здобиени во мото трка во Чешка.
На црнобелата фотографија таа и Душко се прикажани во автомобил, а нивните раце се споени високо во воздух. Заева која со Душко беше во врска неколку години објави скршено срце и балада од Бон Џови.
Блиските и пријателите на прерано починатиот бизнисмен (32) имаат само убави зборови за него. Тие се простуваат од него на социјалните мрежи. Велат дека Душко бил полн со живот, емпатичен, секогаш подготвен да помогне, насмеан.
Музичарот Перо Камиказа од „Меморија“ сподели сеќавање за Душко.
„Заедно вежбавме во Александар палас. Беше уште од мал посветен на тренинзите и за годините имаше одлични резултати. Заедно во Будимпешта го истрчавме твојот прв полумаратон. Но ја делевме и страста кон двете тркала. Не можам да верувам дека замина толку рано, мали. Да ти е светол патот кон вечниот дом. На семејството, искрено сочувство“, напиша тој на Фејсбук.
И кошаркарот Перо Антиќ сподели фотографија со порака: „Почивај во мир, брату“.
„Со неверување и со тага ја примив веста за заминувањето на Душко Чифлиганец… Голем човек, искрен пријател, хуманитарец и млад човек со големи соништа. Спомените на неговата добрина и насмевка ќе живеат вечно. Почивај во мир. Искрено сочувство до семејството“, напиша ексминистерот Оливер Спасовски.