РАСТА БИЛ УАПСЕН НА СТАДИОНОТ ВО ОХРИД Требаше да настапи на концертот на Деруло

3,409

По пишувањето на српските медиуми дека синоќа во Охрид е уапсен познатиот рапер Раста, и од МВР ја потврдија веста, истакнувајќи дека тој е приведен синоќа со марихуана на стадионот во Охрид.

„На 03.08.2025 година, во 00:10 часот, на спортскиот стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при Одделот за внатрешни работи во Охрид го лишиле од слобода С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија, од кого при претресот била пронајдена и конфискувана опојната дрога марихуана. Осомничениот е приведен во полициската станица, а по комплетирањето на документацијата, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во полицксиот билтен.






Стефан Ѓуриќ Раста синоќа во Охрид требаше да настапи на концертот на познатата светска ѕвезда Џејсон Деруло.

Поврзани содржини