ХРВАТСКА ШМИНКЕРКА ГО ОЖИВЕА ЛИКОТ НА ТОШЕ Маскирана како еден од најсаканите пејачи во регионот, Хрватката предизвика многу коментари

Трансформацијата во Тоше хрватската шминкерка Марина Мамиќ ја започнува со солзи во очите, а низата коментари под нејзиното видео, објавено на социјалните мрежи се доказ дека луѓето од целиот регион сè уште не можат да го преболат.

1,925

Марина Мамиќ е хрватска шминкерка, позната по неверојатните трансформации на нејзиното лице со помош на шминка и контурирање.

Таа ги покажа своите вештини во популарното шоу „Твоето лице звучи познато“, на Инстаграм има повеќе од 152.000 следбеници, а последната во низата трансформации што ги прави со помош на шминката и, секако, со помош на својата вештина, е онаа во Тоше Проески.






Трансформацијата во Тоше таа ја започнува со солзи во очите, а низата коментари под нејзиното видео, објавено на социјалните мрежи се доказ дека луѓето од целиот регион сè уште не можат да го преболат.

– Понекогаш, додека ги слушам неговите песни, ги затворам очите и си замислувам колку поубав би бил светот ако беше сè уште со нас – гласи еден од коментарите за нашиот Тоше.

 

Инаку, Марина досега се има трансформирано во низа познати личности, од Анџелина Џоли, Џулија Робертс и Џенифер Лопез до Ал Пачино, принцезата Дијана и многу други.

Трансформациите понекогаш ѝ одземаат и до 12 часа, а резултатите често ги воодушевуваат и самите ѕвезди кои ги објавуваат нејзините дела на своите профили.

 

 

Поврзани содржини