ИНТЕР СИ КУПИ ГОЛГОТЕР ОД СВЕТСКА КЛАСА Потписот чини околу 60 милиони евра
Нигерискиот напаѓач ќе ја продолжи кариерата на „Џузепе Меаца“, откако лично ја одби понудата од Наполи, иако и тие покажале сериозен интерес за неговите услуги.
Италијанските медиуми денеска јавуваат дека Интер и Аталанта постигнале договор за трансферот на Адема Лукман, кој би можел да достигне вредност од 55 до 60 милиони евра, во зависност од бонусите.
Нигерискиот напаѓач ќе ја продолжи кариерата на „Џузепе Меаца“, откако лично ја одби понудата од Наполи, иако и тие покажале сериозен интерес за неговите услуги.
Лукман минатата сезона одигра извонредно во дресот на Аталанта, постигнувајќи 20 голови на 40 натпревари. Во клубот од Бергамо пристигна во 2022 година од РБ Лајпциг, за трансфер вреден само 10 милиони евра – инвестиција што се покажа како вистински погодок.
Со ова засилување, Интер добива брз, технички поткован и голгетерски настроен играч, кој се очекува да биде важен адут во нападот на Кристијан Киву за претстојната сезона во Серија А и во Лигата на шампионите.