ЗАЕВ НЕГИРА ДЕКА ВОЗАЧОТ-ПОТПАЛУВАЧ МУ БИЛ ШОФЕР Тврди дека не го видел откога му завршил мандатот во Струмица

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска изјави дека шоферот на Зоран Заев, според нивни информации, подметнал пожар во атарот на браната Водоча во Струмица.

3,708

Поранешниот премиер и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, негира дека приведениот Александар Николов поради подметнување пожар во Водоча, бил негов возач.

– Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, мој шофер) беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање, а после тоа беше Кире Ангелов. Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности – изјави Заев за Фокус.






Тој тврди дека по завршувањето на неговиот градоначалнички мандат воопшто го нема видено Николов.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска изјави дека шоферот на Зоран Заев, според нивни информации, подметнал пожар во атарот на браната Водоча во Струмица.

Лефков праша дали во СДСМ има организирана група за палење пожари низ земјата и го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче ако не стои заедно со Заев зад потпалувањето на пожарите, јавно да се откаже од него.

ВОЗАЧ НА ЗАЕВ УАПСЕН ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАР ВО ВОДОЧА Лефков бара Филипче да се откаже од Заев ако СДСМ не стои зад пожарите

Поврзани содржини