🎥 ТЕПАЧКА СО СЕКИРА НА ПЛОШТАД ВО СТРУМИЦА Едниот е приведен, другиот е во бегство
Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица информираа дека е утврден идентитетот на лицата кои учествуваа во тепачката, во која учествуваше и жена.
Видеото од тепачка во центарот на Струмица, во која едно од лицата употреби и секира, предизвика бура од негативни реакции на социјалните мрежи.
Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица информираа дека е утврден идентитетот на лицата кои учествуваа во тепачката, во која учествуваше и жена.
„Во тепачката учествувале С.А. (49) од Струмица и Ќ.Д. (32) од Штип. Лицето С.А. е пронајдено и уапсено и со него е извршен службен разговор, додека Ќ.Д. е во бегство и за него е објавен централен распис за негово пронаоѓање“, велат од СВР Струмица.