ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ СТРУМИЧКИТЕ ГРОБИШТА Во гаснењето се вклучени 30 пожарникари и 10 возила

Од СВР Струмица попладнево упатија апел до граѓаните да не се движат во делот зафатен со пожар, а лицата кои се затекнати таму веднаш да го напуштат подрачјето.

315

Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се шири кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, се работи за пожар од големи размери, кој засега го гаснат 30 пожарникари и 10 возила, а побарана е помош од пожарникарите од Валандово и вклучување на хеликоптер.






Од СВР Струмица попладнево упатија апел до граѓаните да не се движат во делот зафатен со пожар, а лицата кои се затекнати таму веднаш да го напуштат подрачјето.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов пожарот кај Струмица е под контрола.

– Пожарот зафати стрелиште со боја, каде што има голем број автомобилски гуми кои се користат како препреки. Брзата интервенција на струмичките пожарникари спречи пожарот да се прошири кон селото Баница и кон градот Струмица. Се очекува наскоро да биде ставен под контрола и да биде изгасен – изјави Ангелов.

Поврзани содржини