Науката наспроти еко-лагите: Време е за сериозен пристап кон рударството

Но, и нашата држава мора да започне да се однесува сериозно и да прифати дека има сериозен научно наставнички кадар кој може да ги насочи во сите правци за експлоатација и искористување на метални и неметални суровини.

315

Кога негодувам за стратегијата за рударство 2025-2045 година која ја пишува МАНУ, а за потребите на Македонија, го правам тоа со сериозна причина и со огромна доза на загриженост како личност која сака развој на рударството во државата.

Во низата нивни пропусти кои не смеат да се помислат, а не да се напишат е следниов елемент од периодниот систем на елементи познат како Менделеев, Sb. Па господа од МАНУ не секој знае дека Sb е кратенка за антимон.






Па нели е нормално да објасните дека енциклопедија Британика ја има обновено со нова информација својата страница на 20-ти јуни оваа година благодарејќи на новинската агенција Ројтерс од 17 јуни оваа година дека антимонот влегува во критични метали поради тоа што најголем производител е Русија, а ние сме стратешки партнери на НАТО и Европската Унија.

Впрочем мора на државниот врв да му дадете чиста слика дека антимонот го надмина значењето на златото во парична смисла и да се произнесете кои се најголемите производители на овој елемент во метрички тони на светско ниво и колкави количини поседуваме ние како држава. Бидејќи МАНУ си пишуваат стратегија која е склопена „На две на три“, имам должност да ја информирам државата дека антимон се користи во изработка на оклопна муниција, инфрацрвени сензори, куршуми, прецизна оптика, нуклеарно оружје, полупроводници, кабли и батерии.

Но, и нашата држава мора да започне да се однесува сериозно и да прифати дека има сериозен научно наставнички кадар кој може да ги насочи во сите правци за експлоатација и искористување на метални и неметални суровини.

Кога велам дека Бакарот – Cu, инаку Кипар се вика токму поради бакарната жица, е прогласен за критичен метал и ние како држава го имаме во сериозни количини. Овие количини на Македонија можат да и донесат многу финансиски придобивки, пред сè во образовниот систем, но и во иднината на оние кои ќе се образоваат пред сè во геологијата, рударството, металургијата, медицината и она најважното во земјоделието.

Рударството уште од „Бронзеното време“ знае дека мора да го развива земјоделието за да може да ги храни своите граѓани.

За жал!!!

На најдолговечната новинарска емисија во најстарото (прво со дозвола) приватно радио, кај легендата на македонското новинарство еден самопрогласен екологист отворено ЛАЖЕШЕ!!!!

Вели вака: Рудникот Иловица-Штука ќе плаќа само четири проценти (4%) надоместок кон државата и тоа не надминува повеќе од неколку десетици милиони евра во наредните дваесет (20) години, а во исто време од земјоделието заработуваме сто (100) милиони евра добивка.

Прво г-динот живее во Струмица и тој нема никаква допирна точка со рудникот. Рудникот се наоѓа на територија на Општините Босилово и Ново Село.

Надоместокот од четири (4%) проценти е за овие општини и тие годишно ќе делат 11 милиони евра согласно цената на бакарниот концентрат со тенденција на зголемување на надоместокот во иднина на посериозна сума согласно предвидувањата на стратегијата на Европската Унија која го прогласи бакарот за критичен метал.

Второ, лаже, односно, се извинувам, не ја кажува сметководствената вистина, каде е персонален данок, данока на добивка, плати нето и бруто (социјално, здравствено, пензиско итн.) кои патем ќе ја стабилизираат загубата во пензискиот фонд, а во исто време ќе ја зголемат просечната плата, банкарски провизии, осигурителни компании, маркети, меани, свадби, децата дома итн.

Трето, овој рудник ќе го намали дефицитот за четиринаесет (14%) проценти. Моментално четиристотини (400) милиони евра.

Четврто, во мојот домен влезе. Ќе течела киселина во наредните петстотини (500) години од рудникот низ стручката котлина.

Да му објаснувам дека постои литература Теорија на Металуршки процеси и дека постои глава Јаловишта и Троски и нивните хемиски својства, нивна електро спроводливост, густина и моларен волумен, вискозитет итн. И тоа што тој го тврди, едноставно е невистина, научно потврдено.

Почитувани, оваа личност се бори за свој хонорар во општина Струмица, не за интересите на граѓаните, на струмичкиот регион, ниту за Македонија. Па направил група Стига е.

Е Стига не велам не.

Поврзани содржини