ГЕВГЕЛИЈА СЕ ИСПЕЧЕ НА 43,1 СТЕПЕН Екстремна топлина и врел ветер се очекуваат во Скопје, Велес и во Демир Капија

Екстремно жешко денеска беше и во Демир Капија со 42,8 и во Велес со 42,7 степени, како и во Скопје со 41,9 и во Кавадарви со максимална температура од 41,6. Во Струмица беша измерени 40,7, а во Штип 40,4 степени Целзиусови. 

1,416

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

И за утре УХМР издаде црвен аларм за екстремно топло време. Во препредувањето се наведува дека дневната температура во некои градови ќе стигне до 43 степени Целзиусови. Ова се однесува најмногу на Скопскиот, Вардарскиот и на Југоисточниот регион. Над 40 степени утре ќе биде во Скопје, Велес, Штип, Струмица, Демир Капија и во Гевгелија.






Фото: УХМР

 

Денеска е измерена највисока температура од 43,1 степени, во Гевгелија. Ова е досега највисоката измерена температура ова лето.

Екстремно жешко беше и во Демир Капија со 42,8 и во Велес со 42,7 степени, како и во Скопје со 41,9 и во Кавадарви со максимална температура од 41,6. Во Струмица беша измерени 40,7, а во Штип 40,4 степени Целзиусови.

На горештините им се гледа крај, но дури од недела, кога се очекува промена на временската состојба и мало разладување. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност, со пороен дожд и со грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање.

 

Фото: УХМР

 

Алармите за предупредување на населението од временски непогоди се издаваат во жолта, портокалова и во црвена боја и се дел од системот за метеопредупредувања во Европа. Жолт аларм значи умерена опасност од временските прилики, со можност за умерени последици по околината, портокалов значи дека опасноста е голема, а црвениот аларм предупредува за екстремна опасност, со можност за катастрофални последици по луѓето, нивните имоти и по околината.

Алармите се издаваат за различни временски прилики и појави: за ветер, дожд, горештина, студ, снег, мраз, грмотевици, крајбрежни настани, шумски пожари, лавини, поплави, порои, опасности на море и за суша.

Поврзани содржини