ОГНЕНАТА СТИХИЈА НЕ ЗАПИРА Сè уште гори шума на 9 локации
Под контрола се шумскиот пожар во Желино, како и пожарите во тетовско Фалише, во Велес кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци,во Македонски Брод кај селото Слатина, во Свети Николе кај селата Орел и Ѓуѓанци и во Старо Нагоричане кај селото Орах.
Активни се четири од вкупно 27 пожари на отворен простор заклучно со 20.30 часот. Пет пожари се под контрола, а 18 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во Василево, село Нивичино, каде што гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод, кај село Грешница, со зафатена мешана шума и ниска вегетација, како и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, каде што гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, и во Прилеп помеѓу селата Царевиќ и Смолани каде што гори мешана шума и ниска вегетација.