СТИГНА ВОДА ВО КОЗЛЕ Хоспитализацијата се одвива нормално, болницата работи со полн капацитет

Проблемот со водоснабдувањето настана поради намален притисок и целосен прекин на водоснабдувањето, што беше резултат на енормно зголемената потрошувачка на вода и локацијата на болницата во висока урбанистичка зона.

84

Водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано, информира Министерството за здравство.

„Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет“, стои во соопштението од Министерството, од каде нагласуваат дека остануваат посветени на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти.






Инаку проблемот настана поради намален притисок и целосен прекин на водоснабдувањето, што беше резултат на енормно зголемената потрошувачка на вода и локацијата на болницата во висока урбанистичка зона.

Директорката на установата, Катерина Бошкова, претходно изјави дека во текот на водниот прекин, болницата се снабдувала со техничка вода преку цистерни од ЈП „Водовод и канализација“, а пациентите се примале со минимални ограничувања – најмногу во лабораторијата за венска крв.

Како итна мерка, пациентите кои требаше да бидат хоспитализирани беа времено пренасочувани во други две клиники – за Детски болести и за Инфективни болести и фебрилни состојби. Истовремено, во Козле продолжи со работа дневната болница и амбулантските прегледи.

Од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ повторно апелираа за рационално користење на водата, предупредувајќи дека градскиот систем е под сериозен притисок и има ограничени природни ресурси.

БОЛНИТЕ ДЕЦА НАМЕСТО ВО КОЗЛЕ ЌЕ СЕ ПРИМААТ НА ДРУГИ КЛИНИКИ Времено решение додека не дојде вода

Поврзани содржини